Светски Ден на срцето - Europe House

29 Сеп

BACK

Светски Ден на срцето

Светската федерација за срцето оваа година го промовира мотото „Користете срце за секое срце“ ❤️(Use Heart for Every Heart) во борбата и превенцијата на кардиоваскуларните заболувања #WorldHeartDay

Амбасадорот 🇪🇺 Дејвид Гир во ‘безбедното’ друштво на Клуб на Клуб на Млади Лекари / Young Doctors Club , Здружение на студенти по медицина – ЗСМ и Младите Европски Амбасадори #YEAs се искачија на Водно 🔝.

Ја имавме честа да ни се придружи и Иван Огњановски – првиот македонски пациент со трансплантирано срце. Неговата физичка активност нека служи како потсетник за секого за придобивките за здравјето и грижата за себе.

На крајот, Резиденцијата на 🇪🇺 беше супер место за освежување и лаф-муабет со Др Маја Мојсова и Др Никола Брзанов.

Победата над срцевите заболувања е важна за секое срце што чука.

Subscribe To our newsletter!