Europe House Newsletter - Europe House

17 Дек

BACK

Europe House Newsletter

Europe House Newsletter

Амбасадор Дејвид Гир Шеф на делегацијата на ЕУ

Драги читатели на Europe House Buzz,

Мило ми е да ве поздравам по повод објавувањето на првото издание на овој електронски билтен. Buzz е најновата алатка со која ќе ве информираме за она што се случува во Europe House и што се нуди таму за вас како млади луѓе.

Ова прво издание го објавуваме во исто време кога започнуваме и активности за подигање на јавната свест за кампањата Зелен договор. Можеби веќе сте виделе некои од билбордите низ целата земја. Климатските промени се факт. А последиците од нив ќе станат уште посериозни – во сите делови на планетата. Оваа кампања е повик за будење. Треба да дејствуваме – веднаш и на глобално ниво. И сите ние треба да дадеме свој придонес.

Сите се сеќаваме на разорните шумски пожари минатото лето и смртоносните поплави пред неколку години. Многумина од нас, барем одреден дел од годината, дишат воздух со лош квалитет. Сите ги знаат дивите депонии кои ја загадуваат земјата и водата и се неубава глетка за минувачите. И сите сакаме ова да се промени.

Промената е можна; но таа зависи од сите нас. Сите ние имаме свој удел: властите на сите нивоа; бизнисите и индустријата; граѓанските организации и обичните граѓани; секој од нас, и треба да работиме заедно за да го трансформираме светот во кој живееме.

Затоа ве молиме придружете ни се во промовирањето на Зелениот договор и подигањето на свеста за тоа што треба да се направи за да се изгради зелена и одржлива иднина.

Во меѓувреме, останете во тек со Buzz. Ви посакуваме среќна, здрава и позелена 2022 година.

Амбасадор Дејвид Гир
Шеф на делегацијата на ЕУ

Ви благодариме што бевте дел од нашиот 2 роденден!

Europe House не е само простор – Europe House е идеја за проактивна, критична и инклузивна младина. Токму поради таквиот дух решивме Europe House да отиде на местата на младите. Поттикнати од столбовите на дејствување на Europe House како место на новата генерација, кое ја поддржува културата, активно и одговорно се грижи животната средина, едуцира и инспирира, реализиравме програма низ целиот месец преку:

Дебата заConference on the Future of Europe”

Прашањето е сега: „Во каква Европа сакаме да живееме?“. Со промените треба да се почне уште денес! Само така во иднина ќе живееме во општество во кое ќе знаеме дека гласот на младите учествувал во кроењето на иднината и дека младите биле нераскинлив дел од ланецот на оние кои ги прават разликите. Таквиот проактивен пристап силно го поддржува Europe House Скопје и за таа цел зазема активно учество во почетокот на серијал дискусии поттикнати од “Conference on the Future of Europe”, од перспектива на младите од Западен Балкан.

 На овој настан ги вмреживме Европски амбасадори кои беа во посета на Европскиот Парламент во Стразбур и локалните млади за да разменат искуства и гледишта.

Театарска претстава „Што е силеџија“?

Долгогодишното следење и работа со млади секогаш го актуелизира прашањето на насилството помеѓу младите. Толеранцијата е еден од приоритетите за разбирање и прифаќање на различностите. Претставата „Што е силеџија?“ е рефлексија на младите и нивниот начин на комуникација, која сакавме да им ја прикажеме – како можност да се погледнат од страна и самостојно да го воочат проблемот. Актерската екипа од Театарот за деца и младинци поттикна одлична дебата која им помогна на младите да ги бараат решенијата на проблемите кои самите ги лоцираа. Претставата се одржа на 4ти Ноември симболично на International Day against Violence and Bullying at School Including Cyberbullying.

Музичка програма

Една од нашите најголеми пасии е забавата! Како секогаш што го даваме својот максимум за да постигнеме задоволително ниво на квалитет, така е и во поглед на забавите.

Секако, кога ќе ја погледнеме пошироката слика, во името на добрата дружба и вмрежувањето секогаш е иницијативата за поддршка на младите артисти и локалните мали бизниси.

Овој роденден посетивме 4 локални барови и поддржавме 4 различни изведувачи, „кликнавме“ со нов фотограф и ги најдовме нашите нови херои – средношколските бендови кои не` потсетија дека секогаш она што го правиме треба да го правиме со многу жар и максимална посветеност!

Музичката програма беше многу повеќе од убава дружба, беше иницијација низ самите себе и градските места и ликови кои се чини малку сме ги подзаборавиле (оправдано).

Неформална дружба со #green CSOs

Проактивност кон предизвиците кој ни ги носи секојдневието во сферата на животната средина секогаш била една од нашите фокуси. Начинот на кој Europe House ги продуцира своите содржини и делокругот на дејствување се трудиме секогаш да биде #EocFriendly и ја чувствуваме потребата одговорно да се однесуваме кон животната средина. Сакавме да направиме еден настан каде ќе им се заблагодариме на сите наши соработници од секторот на животната средина и на оние кои не ги познаваме но, се локални еко херои. Бостание е местото кое симболично го одбравме за ова неформално дружење. Во придружба на етно бендот Перија и специјалитети од Бистро Гранче, ЕУ Амбасадорот Дејвид Гир и Заменик Амбасадорот Jullian Vassllo имаа можност да се запознаат со активистите и заеднички со конкретни акции да придонесат кон првата општествена градина – Бостание.

Но, тука не застануваме! Рано е да ви ги соопштиме следните #ЗЕЛЕНИИДЕИ, дозволете ни да ве изненадиме!

Debate with Young European Ambassadors, university and student representatives as part of our youth contributing to the CoFoE

Како можеме да обезбедиме квалитетно образование, активно учење и повеќе можности за секого? Како можеме да обезбедиме младите да имаат повеќе можности и целосно да учествуваат во сите области на општеството? Ова се прашања кој си ги поставува и секој млад човек. Затоа ние се трудиме да ги акцентираме ваквите предизвици и целиме кон заедничко учество кон создавање на еднакви можности за секого. Следните креатори на одлуките и оние кои се носители на промените, дебатираа со Амбасадорот Гир истакнувајќи ги очекувањата и предизвиците. Активно учество во дебатата зазема и студентскиот парламент, претставници на средношколците и Младите Европски Амбасадори.

Наша обврска е да делуваме темелно, сериозно и навремено, се стремиме кон ширење на таквиот принцип помеѓу младите ширум земјата!

Го прославивме вториот роденден со мали но, значајни настани за да иницираме идни големи победи!

Да ѕирнеме во работилницата на големите мајстори

Ако некогаш сте сакале да ѕирнете во работилниците на големите мајстори, Europe House секогаш ви дозволува да го доживеете пулсот на тоа инспиративно катче. Местото на новата генерација е простор на кохезија каде се сретнува младешкиот ентузијазам и искуството на големите мајстори. Со голема чест го пречекавме BRIAN RASIC – еден од најголемите уметници во областа на фотографијата чие портфолио гордо ги вбројува фотографиите од Muddy Waters, Robbie Williams, Sinatra, Paul McCartney и многу други светски имиња! “Music in Pictures: Four Decades of life in music. And a bit of this and that“ беше неговото излагање, чии трикови и инспирации ќе останат да се применуваат и развиваат како наследство за младите фотографи.

 

 

Отаде нивната битка
Europe House ја подигнува свеста за ретките здравствени предизвици

Во рамките на иницијативата на Делегацијата на ЕУ, Europe House ги здружи силите со млади медицински професионалци – Клубот на млади лекари, Здруженијата на резидентни лекари и млади лекари и на студенти по медицина. Инициравме низа активности на Светскиот ден на здравјето, со цел да се поттикне дебата и да се подигне свеста за здравствените предизвици, онаму каде што е најпотребно.

Го одбележавме  21 ноември, Европскиот ден за подигање на свеста за цистичната фиброза. Целта беше да ги посочи условите и предизвиците со кои луѓето и родителите се соочуваат и како секојдневно се справуваат со оваа ретка болест.

Со учество и безрезервна поддршка на ЕУ амбасадорот Дејвид Гир, како и на првата дама, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, се разви значајна и конструктивна дебата, обезбедувајќи заеднички простор за учесниците на оваа тема да ги разгледаат следните чекори за подобрување во нивната специфична средина.

Серијата веќе продолжи да посветува простор на здравствени субјекти секаде и секогаш кога е потребно.

Дали некогаш сте се обиделе да влезете во туѓа кожа?

Нашето поднебје е ризница на различности и токму во нив ги гледаме силните страни. Тука каде што се спојуваат истокот и западот, во миксот на различните култури и традиции со влијание на она што го носи модерното време, има доволно место за сите. Дали е тешко за новите генерации да ги прифатат разликите и да ги почитуваат?

Целта на местото на новата генерација е токму тоа – да ги поттикнеме младите да ги прошират своите хоризонти, да им овозможиме да се поврзат со млади од регионот и од Европа, да ги прифатат, почитуваат и поддржат разликите за да го најдат начинот да се чувствуваат најдобро во своја кожа.

 

 

Europe House Крива Паланка и Europe House Струмица, Интернационалниот ден на толеранцијата го означија со дебати и практични вежби за емпатија поттикнувајќи критичко и самостојно размислување прифаќајќи ги разликите. За таа цел, во просториите на Europe House Крива Паланка беа поканети локални млади, млади од регионот и од Црна Гора за заеднички да ги прескокнат бариерите. Додека во Europe House Струмица локалните млади и младите од  Center for Intercultural Dialogue (CID) Kumanovo одржаа работилница под слоганот „ United in diversity “ приближувајќи ги концептите на човечките права до практичните и секојдневни примери.

Отворениот дијалог за предизвиците со кои се соочуваме е обид барем за момент да живете во туѓа кожа, а таквиот поглед на светот е секогаш еден чекор понапред во борбата за еднаквост!

Се читаме наредниот месец,  а до тогаш  we`ll be buzzing around!

Subscribe To our newsletter!