Book Club Europe House со Читачот за Единствен матичен број на Лидија Димковска - Europe House

16 Apr

BACK

Book Club Europe House со Читачот за Единствен матичен број на Лидија Димковска

Book Club Europe House со Читачот за Единствен матичен број на Лидија Димковска

Со голема радост ви го најавуваме повторното активирање на читачкиот клуб во Europe House Skopje.

Првата средба ќе ја почнеме со  романот Единствен матичен број на Лидија Димковска што неодамна ја доби престижната награда Роман на годината во организација на Фондацијата Славко Јаневски. Единствен матичен број е четврти роман на Лидија Димковска, издаден во 2023 година во издание на ТРИ. Во овој роман таа низ една семејна приказна се зафаќа со темата на идентитетот, миграцијата, современaта дистописка изолираност и алиенација содржани во поимот „пустелија”.

Добрата литература и добрите романи не треба да бидат ‘чудо за три дена’ и за нив треба да се разговара и дискутира. Затоа ве покануваме да ни се придружите на оваа средба без оглед дали сте го прочитале романот или не.
Ви го најавуваме и новиот модератор на читачкиот клуб, Александар Маџаровски – Читачот.

Subscribe To our newsletter!