Преку интерактивни игри под менторство на младинската работничка Ивана Стојчевска од MultiКулти Mладински Центар / Qendër Rinore се обидовме да ги отвориме темите за булинг, сајбер – булинг, како и за важноста на менталното здравје за подобар, посреќен и поквалилтетен живот.
“Емпатијата и развивање на чувството да размислиме како некој би се чувствувал од нашите зборови и дела е клучниот сегмент во борбата против булингот и сајбер булингот – проблеми со кои многу чество се соочуваат младите ” е дел од заклучоците од инфо сесијата со локалниот психолог, Андријана Давидовска.
За продуктивноста и мотивираноста во овој настан се погрижи прекраната природа и животните во Тhe Country Side Retreat на Марија Дуда Дибиаггио.