„Стаклена соба - Погрешни информации и манипулации на интернет“ - Europe House

8 Ное

BACK

„Стаклена соба – Погрешни информации и манипулации на интернет“

Мултимедијалната изложба „Стаклена соба – Погрешни информации и манипулации на интернет“ може да ја погледнете во просториите на „Европска куќа“ во Скопје (Europe House Skopje) с̲е̲к̲о̲ј̲ в̲т̲о̲р̲н̲и̲к̲,̲ с̲р̲е̲д̲а̲ и̲ ч̲е̲т̲в̲р̲т̲о̲к̲ о̲д̲ 1̲2̲ д̲о̲ 1̲5̲ ч̲а̲с̲о̲т̲.̲
Изложбата претставува атрактивна и едукативна инсталација составена од серија постери, интерактивни апликации и анимации што им овозможуваат на посетителите да дознаат повеќе за погрешните информации и за улогата на интернет-корисниците во нивното ширење, како и за бизнис моделите, дизајнерските тактики и корисничките навики што овозможуваат поволна средина за нивно пренесување.

Изложбата ќе биде отворена за посетителите во наведените термини се до 31 јануари 2023 година.

Subscribe To our newsletter!